Тиквеш се засили со Србин кој добро го познава македонското првенство!
Влајковиќ настапува на бековските позиции, тој во Тиквеш доаѓа од Ботев, а во сезоната 2024/25 настапуваше за Струга ТЛ, па добро му е познато македонското првенство.
„Со големо задоволство го претставуваме нашето најново засилување – Никола Влајковиќ.
Искусен, борбен и докажан дефанзивец кој добро ги познава балканскиот фудбал и предизвиците што ги носи нашето првенство.
Веруваме дека неговиот карактер, професионализам и квалитет ќе бидат значајно засилување за нашиот тим во сезоната што претстои.
Добредојде во Кавадарци, Никола!
Нека ова биде почеток на едно успешно заедничко патување“, стои во соопштението на кавадаречкиот клуб.