Големиот талент Хаџиќ замина од Пелистер!
Хаџиќ уште на 16 години пристигна во Пелистер и требаше да прерасне во значаен ракометар на битолскиот тим, но сениорската кариера ќе ја продолжи во друг тим.
„Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е дел од семејството Еурофарм Пелистер, откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката. Младиот централен бек помина три години во Битола, оставајќи значаен белег во младинските категории, а повремено настапуваше и за првиот тим.
Хаџиќ пристигна во Еурофарм Пелистер во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот клуб Коњух. Тој беше лидер на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер кој обезбеди историски пласман на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони, во која беше најдобар стрелец. На само 17 години, тој дебитираше и се запиша во листата на стрелците за првиот тим на Еурофарм Пелистер во сениорската Лига на шампиони. Ги освои сите три титули првак на Македонија од 2023 до 2025 година“, стои во соопштението на Пелистер.