Повредата е минато: Алкараз му се враќа на тенисот!

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз, е подготвен за кам-бек откако последните тестови покажале дека зглобот му е комплетно оздравен.

Алкараз имаше одличен почеток на годината, го освои Австралија опен, но потоа го повреди зглобот на раката и следуваше долга пауза.

Шпанецот ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, но сега се враќа и ќе се обиде да се подготви за настап на УС Опен.

Според пишувањата на шпанските медиуми, медицинските прегледи потврдиле дека зглобот е целосно залечен, со што донесе големо олеснување за него и неговите навивачи.

Главната цел е враќање на теренот постепено. Така тимот на тенисерот има направено план како ќе оди „кам-бекот“. Фокусот е на американската турнеја, па се очекува првиот предизвик да му биде мастерстот во Синсинати. Тој е на програмата од 13. до 23.