Искусна македонска репрезентативка кариерата ќе ја продолжи во Црвена Звезда!
Искусната 36-годишна ракометарка, која игра на позицијата десен бек, ќе биде значајно засилување за белградскиот клуб, кој со нејзиното ангажирање сака дополнително да го зголеми квалитетот на ростерот пред новата сезона. Ѓорѓиевска зад себе има богата интернационална кариера и настапувала за повеќе европски клубови. Минатата сезона ги бранеше боите на турски Одунпазари, а во својата богата кариера може да се пофали и со освоена титула во Лигата на шампионите со црногорска Будуќност.
Пред искусната Македонка веднаш ќе следува и европски предизвик, бидејќи Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на Европа ќе ги одмери силите со романскиот Корона Брашов во борбата за место во следната фаза од натпреварувањето.