Франција гореше по поразот на СП - тепачки, палења и стотици уапсени (ВИДЕО)
Илјадници навивачи натпреварот го следеа на видео-бимови на градските плоштади, но веднаш по последниот судиски свиреж дел од нив започнаа судири со полицијата. Според француските медиуми, приведено се дури 150 лица, откако демонстрантите фрлале разни предмети кон полицијата, која со големи напори успеала да ја стави ситуацијата под контрола. Улиците на овие два града во одредени моменти наликувале на вистинска воена зона, а интервенирале бројни полициски сили за да го спречат понатамошното ескалирање на насилството.
Французите потенцираат дека поразително е што меѓу приведените има голем број млади лица на возраст од 15 до 25 години. Франција со ова остана без можност за трето последователно финале на Светските првенства.