Французите удрија по Олисе: Го ставивме на иста маса со Зидан, а тој уште не е ни во кујната

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2-0 во полуфиналето во Далас.

Во натпревар во кој целосно доминираа, Шпанците славеа со головите на Микел Ојарзабал од пенал и на Педро Поро, со што стигнаа до своето второ финале во историјата на натпреварувањето. Французите одиграа непрепознатливо лоша игра и практично им снемаа вистински можности.

Михаел Олисе, еден од најдобрите фудбалери на Франција и на целото Светско првенство, не беше на нивото на кое играше претходно на турнирот. Во шест натпревари, тој намести пет гола и е најдобар асистент на Светското првенство, но по полуфиналето е критикуван како и другите играчи. Даниел Риоло, новинар за францускиот медиум РМЦ жестоко ја искритикува неговата игра

„Се занесовме. Се зборуваше дека Олисе и Мбапе се најдобриот тандем што Франција некогаш го имала. Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ниту во кујната. Сè што направи досега на турнирот, го направи затоа што имаше време и простор. Но, кога беше притиснат на средниот ред, сфативме дека класичниот број 10 не може да преживее во денешниот фудбал“, искоментира Риоло.

РМЦ објави дека Олисе не направил ниеден дриблинг и изгубил многу топки, што го направило нервозен. Тренерот Дидие Дешамп го извади од игра во 72. минута, кога во игра влезе Рајан Шерки.