Обезбеден е директен ТВ пренос од мечот на Силекс со Динамо Минск!

Силекс утре со почеток од 20 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ го игра реванш натпреварот против Динамо Минск во рамките од квалификациите за Конференциската лига, натпреварот ќе биде пренесуван на телевизија.

Кратовскиот клуб неодамна информираше дека билети за мечот нема, дуелот меѓу Силекс и Динамо Минск е распродаден. Оние кои ќе сакаат да го проследат во живо, ќе можат тоа да го направат на Арена М1 Премиум.

Силекс со победа од 1-0 се врати од Бугарија каде Динамо Минск ја имаше улогата на домаќин. Македонскиот тим одигра одличен меч и ќе сака таквата форма да презентира и пред своите навивачи.

Доколку Силекс го мине Динамо Минск, во второто квалификациско коло ќе игра против Нефчи Баку.