Тиквеш донесе тренер кој пред две години ја однесе Беласица во Прва лига

Македонскиот второлигаш Тиквеш, кој сезонава има големи амбиции дури да игра во домашната елита го донесе Раде Цицмиловиќ за нов кормилар на тимот, откако кавадарчани останаа без тренер по лошата серија на резултати во последните месец и половина.

Тиквеш убедливо ја почна новата сезона, но влезе во длабока криза по која не само што го загубија првото место, туку веќе се најдоа и во поголема негатива во однос на врвот, па смената на тренерското столче беше неопходна. Пред еден ден Љупчо Димитковски си поднесе оставка и од „втора“, управата му ја прифати, па сега Цицмиловиќ го наследува,

Цицмиловиќ е поранешен стратег на струмичка Беласица, која пред две години ја внесе во Првата лига и струмичкиот бренд повторно заигра во домашната елита после повеќе од една деценија. Новиот тренер на Тиквеш изминатава недела беше дел од тренерите, кои беа во централата на УЕФА, Нион на тренерски семинар за ПРО-лиценца заедно со уште неколкумина тренери од новата генерација, меѓу нив и помошникот на актуелниот селектор Игор Ангеловски, Милан Илиевски, тренерот на Македонија ЃП, Александар Таневски, потоа Тони Мегленски, Ардијан Нухии, Дарко Крстевски...