Струга Трим Лум се засили од Академија Пандев и Шкендија

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум претстави две нови засилувања за вториот дел од сезоната во Првата лига, а тоа се Па Омар Џобе и Сава Радиќ.

Џобе доаѓа во Струга на шестмесечна позајмица од актуелниот првак Шкендија, каде што не доби минутажа и очекува во новиот тим да добие шанса на теренот за да го покаже својот квалитет.

Српскиот фудбалер Радиќ ја напушти Академија Пандев и се сели во Струга со која потпиша соработка на две години.

Струга во моментов се наоѓа на седмата позиција во македонскиот шампионат со 26 бодови.