
Со пораз во Штип, Башкими нема да игра ниту бараж за Прва лига!
Башкими со одлуката на ФФМ падна на третата позиција во Втората лига и има 60 бодови, односно два поени повеќе во однос на Брегалница пред гостувањето во Штип, каде што ќе се решава кој тим ќе оди во баражот за пласман во македонската елита.
Третопласираниот тим од Втората лига ќе игра бараж против Брера или Беса, во однос на тоа кој ќе заврши на 10. позиција во македонската Прва лига.
Одлуката на ФФМ за поништување на натпреварот значеше и дека Македонија ЃП официјално стана прволигаш, додека Арсими е на втората позиција во пресрет на последното коло.