Симов: Карабах е апсолутен фаворит, но не одиме со бело знаме во Азербејџан!

Поранешниот македонски првак Силекс ќе игра против Карабах во Азербејџан во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако ждрепката денеска во Нион не им беше наклонета на кратовци, па им донесе неатрактивен, но многу сериозен противник уште на стартот во квалификаците за новата сезона во европската елита.

Силекс како аутсајдер го доби тимот што има настапи во групните фази на ЛШ и на Лига Европа, но кратовци иако се свесни дека Карабах е апсолутен фаворити, не се предаваат однапред, иако се свесни дека пред нив има ептен тежок предизвик

„Ни падна еден исклучително квалитетен тим како Карабах. Тие се апсолутни фаворити на овој меч. Играме на гости, така да ќе биде многу тешко, но не одиме со бело знаме за да се избламираме и ние како Силекс и македонскиот фудба. Одиме да го дадеме максимумот. Во 90 минути во фудбалот многупати се покажало дека сè е можно“, вели Горан Симов, тренерот на кратовци.

Силекс својот меч треба да го одигра на 18 и 19 август, а денеска ќе стартува во новата сезона со гостувањето кај Беласица во Струмица, но допрва треба да се знае каде ќе се игра мечот, поради бројните рестрикции поради коронавирусот.