Шкупи утре ги почнува подготовките - клубот ветува подобри денови!
Чаирскиот тим речиси сигурно ќе се пресели во ранг подолу, но раководството на клубот денеска имаше оптимистичка објава за продолжението од сезоната.
Тие на навивачите им порачаа „ајде заедно да свртиме нов лист“.
Во објавата потенцираат дека почнуваат утре на стадионот во Чаир, а тренингот ќе биде отворен за јавноста што е показател дека сакаат да покажат единство со навивачите.
Ветуваат сериозна работа и поголема транспарентност, сакаат да напредуваат како клуб со секојдневно подобрување на ситуацијата со надеж за подобри денови.
Во есенскиот дел од сезоната Шкупи освои само еден бод и е закован на дното на табелата со дури 15 бода помалку од деветото место кое е првото кое носи во бараж.