Шкупи се засили со фудбалер од Гамбија!

Македонскиот прволигаш Шкупи се засили со нов африкански фудбалер и тоа Дембо Дарбое, играч од Гамбија, кој речиси два месеци беше на проба на Чаир и сега доби договор за да го засили овој клуб во пресрет на саботниот старт на новата сезона во Првата лига.

Дарбое потпиша двегодишен договор со Шкупи, а во исто време чаирчани ја прекинаа соработката со Абубакар Сал.

„Многу сум среќен што потпишав за Шкупи. Ова е ново искуство за мене и ќе дадам сѐ од себе за да му помогнам на тимот да има успеси“, рече Дамбое на промоцијата.

Шкупи во последниве две години стана дестинација за егзотични фудбалери, па еден куп Африканци дојдоа во Чаир за да го носат сино-белиот дрес. Доаѓаа фудбалери од Екваторијална Гвинеја, Сенегал, Камерун, сега и од Гамбија.