Шкендија жнее трофеи како од шега и во сениорска и во младинска категорија!

Тетовска Шкендија сезонава не доминира само во сениорска конкуренција, туку и во младинските категории, па црвено-црните се на чекор да слават три „двојни круни“ и уште една шампионска титула и еден куп, ако се собере сè во македонскиот фудбал сезонава. Шкендија е на чекор да ја потврди доминацијата во македонскиот фудбал каква што ретко се гледа.

Ако сениорскиот тим доминантно стана макеоднски првак и на 23 мај има шанса да ја освои „двојната круна“ во финалето со Пелистер во Струмица, по стапките на првиот тим силно чекори и подмладокот на овој клуб. Вчера и денеска, младите категории на Шкендија победија во три финалиња во Купот, а три генерации се на чекор и до шампионската круна, како дополнување на фудбалската доминација на сениорите кои практично ги прегазија сите во Првата лига

Младинците на Шкендија на три кола до крајот имаат девет бода повеќе од Вардар, а вчера славеа во младинскиот Куп со триумфот со 5-4 на пенали против Работнички. Тетовци со тоа имаат шанса да стигнат до „двојната круна“ во младинска категорија.

Кадетите на тетовци исто како и младинците имаат девет бода предност на три кола до крајот пред Вардар, а со 5-3 победија против Пелистер во финалето на Купот. И оваа категорија е на чекор да слави „двојна круна“

Пионерите на Шкендија во моментов имаат четири бода повеќе од Македонија ЃП и се блиску до шампионска титула во завршните три кола од сезоната.

Во првенството најслаба генерација е таа на помладите пионери, кои немаат шанса за титула и се четврти, но денеска на пенали денеска со 5-4 (1-1) го победија Работнички во финалето на Купот.

Тетовци имаат шанса за уште еден трофеј и тоа утре од 10 часот во категоријата петлиња, затоа што играат финале против Вардар, кој пак веќе има две шампионски титули во категоријата помлади пионери и кај помладите петлиња, додека кај петлињата со меч помалку и два бода предност се на чекор до шампионскиот трофеј во однос на втората Шкендија.