Шампионот дефинитивно останува без првиот бомбардер: Ибраими се збогува со Струга

Најдобриот стрелец на Струга, Бесарт Ибраими официјално се збогува со актуелниот шампион, на само три дена пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Преку социјалните мрежи, тој објави дека си оди од клубот, по две сезони поминати во него и две освоени шампионски титули.

 

 

„Драги љубители на спортот, би сакал да ве информирам дека со взаемен договор, ја напуштам Струга со која испишавме историја, освојувајќи две шампионски титули и со која игравме во европските купови“, напиша, меѓу другото, Ибраими кој е и најдобар стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

Иако уште нема официјална потврда, тој најверојатно ќе се врати во тимот на Шкендија каде играше од 2015 до 2022 година.