Ренова потпиша уште една година со Шефит Шефити

Поранешниот макеоднски првак Ренова, кој летово го очекува европска авантура во квалификациите за Лига Европа го задржа Шефит Шефити и за следната сезона, се пофалија „гипсарите“.

Левокрилниот напаѓач ја засили Ренова ланското лето, а е дете на Шкендија и еден од тројцата македонски младински репрезентативци кои избегаа да играат за Албанија.

Шефити беше репрезентативец на Македонија до 18 и до 19 години (севкупно седум настапи), но од 2018 година реши да игра за Албанија, па сега има седум настапи и два гола за младинската селекција до 21 година на западниот сосед.

Шефити потпиша едногодишен нов договор со Ренова, која практично го задржува комплетниот костур на тимот, а истиот го напуштија само Бојан Миовски, кој замина во МТК Будимпешта и Флоријан Кадриу, кој се најавува(ше) како засилување на Шкендија. Од друга страна тетовци веќе донесоа нови четири имиња, Ален Јашароски кој го пополнува нападот после заминувањето на Миовски, се враќа и Емран Рамадани, а Филип Стојчевски и босанецот Сенад Хусиќ.

Shefit Shefiti edhe 1 vit bashkë me ne ?¬レᆰ️? #FORCARENOVA?¬レᆰ️

Posted by K.F Renova on Tuesday, July 14, 2020