Поранешен младински репрезентативец е нов играч на Силекс
Фудбалерот доаѓа од Тиквеш за кого во есенскиот дел од сезоната одигра 13 натпревари и постигна по еден гол и асистенција. Токму во Тиквеш тој и ја почна својата кариера пред една деценија, а потоа играше и за Брера, Борец, грузиската Самтредија, бугарскиот Етар и казахстанскиот Туран. Има запишано и еден настап за младата репрезентација на Македонија.
Своето деби за новиот клуб, Мишов ќе го забележи претстојната неделла, на дуелот против Башкими на домашен терен. Силекс во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата со 31 бода, 11 помалку од лидерот Вардар, а се уште е во игра и за трофејот во Купот на Македонија во чие четвртфинале ќе се сретне со второлигашот Детонит.