Поранешен македонски селектор стана тренер на Кадино!

Поранешниот македонски селектор, Никола Илиевски - Џиџи денеска официјално беше поставен за нов тренер на ФК Кадино, кој се натпреварува во Втората лига – Запад.

Кадино го отпушти Борис Мицевски по лошиот старт на сезоната, кој запиша две победи, две нерешени средби и седум порази, па екипата се наоѓа на претпоследното место на табелата.

„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борис Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски – Џиџи ФК Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер“, објави Кадино на социјалните мрежи