Почна продажбата на билетите за дербито меѓу Вардар и Шкендија!

Македонскиот шампион Вардар ќе се соочи против Шкендија во второто коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а билетите за дербито се веќе пуштени во продажба по популарна цена од 200 денари.

Билетите може да се набават преку „МКТикетс“ или на денот на натпреварот на билетарницата на стадионот.

Дербито меѓу големите ривали е закажан за 9 август од 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Вардар ја отвори сезоната со победа од 2-0 над Брегалница, додека Шкендија славеше со 3-0 против Скопје.