По очајната европска одисеја: Шкендија му врачи отказ на тренерот

Фудбалскиот клуб Шкендија се раздели со тренерот Ернест Ѓока откако тимот синоќа ги заврши настапите во европските купови со скор од четири порази на четири натпревари и без ниту еден постигнат гол. 

Тетовци летово најпрво беа елиминирани во стартното коло во Лигата на шампиони од Мура со двоен пораз од 0-1 и 5-0. Во второто квалификациско коло за Конференциската лига, нашиот шампион најпрво загуби на гостувањето кај Рига со 2-0, а вчера во Скопје на реваншот со минимални 0-1.

Сето ова беше валидна причина Шкендија да се раздели со албанскиот тренер. Тој седна на клупата во Тетово во октомври 2019 година и лани го предводеше тимот до шампионската титула. 

Од Шкендија најавија дека наскоро ќе го објават и името на новиот тренер.