Панчев: Друга песна ќе беше со Вардар ако ние го имавме Александар Вучиќ!

Испаѓањето на Вардар од Првата македонска фудбалска лига беше една од главните спортски вести во соседните земји, а особено во оние од поранешна Југославија. 

„Црвено-црниот“ клуб беше бренд и во поранешната заедница, па пропаѓањето на скопската гордост ги изненади и српските колего. „Моцартспорт“ направи интервју со вардаровите легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои беа ангажирани во клубот, кога Вардар успеа да стигне до пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

На Панчев и Најдоски брзо им станало јасно дека се повикани во клубот само да ја преземат вината за неуспесите кои следуваа. Популарниот „Кобра“ вели дека во Македонија немало политичар како Александар Вучиќ во Србија, кој би го спасил Вардар од пропаста. 

„Видете, ќе се пееше друга песна доколку ние во Македонија имавме еден Александар Вучиќ. Претседателот на Србија исклучително многу го сака спортот, но многу е важно тоа што тој го препозна фактот дека спортските успеси за секоја држава се најефтин и најдобар вид на промоција. Ја следам ситуацијата во Србија, гледам колку Вучиќ и државата им помагат на најголемите српски брендови Звезда и Партизан во фудбал и кошарка и нема сомнение дека тоа е исправно. Се прават добри играчи, кои потоа заработуваат големи пари во странство, ја презентираат Србија на најдобар можен начин, а потоа тие пари најчесто ги трошат во својата земја. Математиката е едноставна“, изјави Панчев за „Моцартспорт“.

Најдоски вели дека ракометот му бил далеку подраг на сопственикот Сергеј Самсоненко отколку фудбалот. 

„Кога Панчев ме повика во Вардар да му помогнам во спортскит дел, знаев што ќе се случи. Едноставно знаев, но не можев да го одбијам. Ние служевме како еден вид покритие за клубот да не биде виновен. Во клубот донесовме големи пари со пласманот во Лигата на Европа, но нив подраг им беше ракометот“, вели Најдоски.

Целосното интерјву можете да го погледнете ТУКА