Осминафинале од Купот: Вардар го пречекува Тиквеш, Пелистер гостува во Кратово!
Покрај овие средби, извлекувањето донесе и прволигашка пресметка помеѓу екипите на Башкими и Шкендија Арачиново. Во останатите осминафинални натпревари кои ќе се борат за пласман во следната фаза, ждрепката одлучи Скопје да ги одмери силите со Новаци, Струга ќе игра против Беласица, додека Брера ќе се соочи со Арсими.
Листата на осминафинални двојки ја комплетираат натпреварите помеѓу Работнички и Саса, односно пресметката меѓу Македонија Ѓорче Петров и Брегалница. Точните датуми и саатници на одигрувањето на овие натпревари ќе бидат дополнително одредени во следните неколку денови. Сепак, според првичниот календар на натпреварувањето, предвидено е осминафиналните мечеви да се одиграат на 27 и 28 октомври.