Вујо мајсторе нема да го предводи Катар на СП - Арапите му го „скршија срцето“!
Тој минатата пролет се врати на клупата на Катар кога го замени Валери Ривера. Зад себе веќе имаше еден мандат во кој ја водеше оваа селекција на СП 2025 година во Хрватска, но и покрај успесите, раководството и селекторот не пронајдоа заеднички јазик за иднината. Популарниот „Вујо мајсторе“ отворено го изрази своето незадоволство од понудените услови.
„Точно е, не договоривме продолжување на соработката. Не добив коректна понуда по освоениот медал на Азиските игри, каде што ја имав највозрасната екипа на светот. Сметав дека заслужувам договор до месец мај и квалификациите за ЛОИ во Лос Анџелес, но тие ми понудија само до крајот на Мундијалот во јануари. Групата во Кил е исклучително тешка со Шведска, Норвешка и Грција. Попаметно е да си заминам сега отколку по три порази на турнирот“, изјави Вујовиќ за „Балкан Хендбол“.
Миленикот на Комити од времето кога го предводеше Вардар ги предводеше националните тимови на Србија и Црна Гора, Словенија (со која освои бронза на СП 2017), Македонија, Иран и Катар. Неговото прво големо натпреварување беа ЛОИ во Сиднеј во 2000 година. Со репрезентацијата на Катар тој вкупно освои три медали - сребро на Азиските игри во Јапонија, сребро на Игрите на земјите од Персискиот залив и бронза на Исламските игри.