Охрид е есенски шампион во ВМФЛ!

Eкипата на Охрид со денешниот триумф над Слога Виница од 2-0 се искачи на врвот каде што ќе го дочека вториот дел од сезоната.

Охрид како голем фаворит допатува во Виница на дуелот со претпоследната екипа на табелата и таа улога рутински ја оправда. Гостите го отворија резултатот во финишот од првиот дел, а со уште еден погодок во вториот дел, само го потвдија триумфот.

Голеада имаше во вториот денешен натпревар кој се играше во Прилеп каде што Тетекс славеше над Големо Коњари со 6-2.

На  врвот на табелата Охрид сега има 36 бода, бод повеќе од Шкендија Арачиново и три од Брегалница на третата позиција.