Одигра само 33 минути за Шкендија, а доби нов двегодишен договор

Шкендија го продолжила договорот со Алдаир Нето на уште две години и покрај тоа што овој фудбалер забележа само два настапи изминатава полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Анголецот со португалски пасош дојде во редовите на тетовци во јануари и вкупно одигра само 33 минути во некомплетниот пролетен дел од сезоната. Нето кој игра на десната крилна позиција ќе остане во Шкендија наредните две сезони.

Нето дојде од велшкот тим Бангор сити, играше за Гафања во Португалија, Маритимо Б, Фатима, Оериаш, а потекнува од академијата на Брага.