Ново име во Ѓорче Петров: Исаевски се врати кај „лавовите“

Александар Исаевски е последното засилување за Македонија Ѓорче Петров. 

Левиот бек се враќа во редовите на „лавовите“, каде играше во 2018 година. Потоа играше за Победа и бугарски Дунав. Последните две сезони ги мина во редовите на Влазнија и Динамо од Албанија.

Вчера ѓорчепетровци се засилија и со Ѓорѓи Стоилов.