Нема прволигашки фудбал викендов, одложено цело коло!

Викендов во Македонија нема да се игра прволигашки фудбал, донесена е одлука натпреварите кои требаше да се одиграат во текот на утрешниот ден да бидат одложени.

Поради последните случувања и тензичната ситуација во изминатите неколку дена, ФФМ во соработка со МВР одлучи да не се игра фудбал утре.

Во утрешното 17. коло требаше да се одиграат натпреварите: Брера - Рабптночки, Гостивар - Силекс, Пелистер - Беса, Шкупи - Струга, Вардар - Тиквеш и Воска Спорт - Шкендија.

Најавите засега се дека овие дуели ќе бидат поместени за в среда или за идниот викенд, што значи дека е можно есенската полусезона да заврши подоцна од планираното...