Навивачите на Тетекс гневни по управата: Целата вистина е дека сте само – измамници!

Еден ден пред официјалниот старт на новата второлигашка сезона, сега со единствената Втора лига со 16 екипи, бурата во Тетово со еден од најголемите макеоднски брендови Тетекс не стивнува, во „војната“ на навивачите со новата управа која летово го презема клубот.

Навивачите се бесни на „малиот милион“ лаги и ветувања што новата управа ги најавуваа, за „мед и млеко“ дека ќе тече во клубот, но после подготовките со низа дебакли на бившиот освојувач на Купот, на сите им е јасно дека Тетекс кој едвај ја плати котизацијата, грчевито ќе се бори за опстанок. Пред неколку дена навивачите објавија дека „реформаторите“ го донеле клубот на раб на пропаст – или Трета лига или клуч!

Целата реакција на навивачите ви ја пренесуваме во целост

„ЦЕЛАТА ВИСТИНА ЗА ФК ТЕТЕКС И НОВАТА УПРАВА

Тетекс Тетово кога дојдовте вашата уста ви беше полна со ветувања, од големи суми кои ќе носевте во клубот, целосно реновирање на соблекувалната и клубските простории како и влез на младинците во супер лига.

Измислени скаути од Турција, каде секоја година ќе продававте тетексови фудбалери, за на крај да се воспостави дека сте обичен потрчко и измеќар на А.Т кој го донесе најдобриот другар - брат и преварант Бојан Захариев во ФК Тетекс, притоа да крие од цело Тетово бидејќи јасно му беше дека никој нема да го прифати поради неговото лошо минато по македонските клубови. А во клубот мачкавте очи дека ќе одите на преговори во Турција итн...

И зошто тоа беше таќе? Поради тоа што цел живот имате огромна корист од Тетекс и сакавте ваши људи да раководат со клубот, и тие пари што ќе влезат вие да ги земете, а низ градот да се перете дека немате никаква фунција во Тетекс.

Префрлање на топката дека други носат одлуки а не вие. За на крај да дојдеме до заклучок дека всушност вие ги носевте одлуките овие два месеца.

Сега настана вистински хаос, едвај платена котизација за учество во ВМФЛ, платени припреми во Струга за на крај да не се оди (одпосле: многу голем трошок бил), немање пари за плата за фудбалери кој дел ако не и појќе заминаа од Тетекс.

Нема да ви помине!

Одговорност мора да има!

Нема играње со светото име Тетекс!“, се вели во новата реакција на навивачите на „штофарите“