Најголемиот македонски фудбалски бренд Вардар го слави 77. роденден!

Македонскиот прволигаш и најтрофеен фудбалски клуб Вардар се роди пред 77 години, на 22 јули во киното „Вардар“ за да биде симбол на градскиот дух и спортскиот квалитет.

Вардар во историјата оствари големи успеси и освои титули во шампионатот во поранешна Југославија, но исто така е најтрофеен на територијата на Македонија, а стана и прв тим од нашата држава кој заигра во групна фаза на елитно европско натпреварување.

Иако во изминатите години се соочуваше со турбуленции, сепак најавени се подобри времиња и враќање на старата слава на „црвено-црните“.

Најдобар стрелец во историјата на скопскиот гигант е Андон Дончевско, а во дресот на Вардар играа и многу други фудбалери како Дарко Панчев, Васил Рингов, Саша Ќириќ, Драган Мутибариќ, како и други фудбалери.