Наивен пораз на Вардар: Силекс со играч помалку успеа да им даде гол и да ги победи (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен првак Вардар загуби многу наивно денеска во Кратово и тоа откако цело второ полувреме имаше играч повеќе на теренот против Силекс, а наместо најмалку бод, останаа и без тој откако примија гол шест минути по стартот на вториот дел.

Веројатно поинаков би бил исходот ако Вардар денеска беше комплетен, посебно во средината, но и овој меч црвено-црните мораше да го истуркаат без своите двајца најважни играчи, капитенот Дарко Мицевски и Бојан Најденов, го немаше ни бразилскиот дефанзивец Чарлстон, па една грешка на младата одбрана во 51-та минута му овозможи на Ристов да постигне гол, по кој кратовци знаеа како да ја задржат предноста и да победат.

Вардар после серијата од две победи не успеа барем да ја продолжи серијата без пораз, особено што за четири дена сега ги чека соседска пресметка со Работнички.