Михаилов: Го прифатив предизвикот да го водам Вардар кога беше најтешко - успеавме!

Тренерот на Вардар, Горазд Михаилов е со емотивен пост на социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои беа дел од клубот во оваа тешка битка за опстанок во најдобрата лига.

Михалов вели дека многумина го убедувале да не седнува на клупата на Вардар поради тежината на задачата да се избори опстанок, но тој прифатил и не погрешил.

„Мисијата успешна, Вардар и следната сезона ќе игра во Прва лига. Многумина го отпишаа на полусезона, предизвикот за мене лично беше голем и покрај многубројните убедувања да не го прифаќам предизвикот, но со поддршката од мојата фамилија, за клубот од моето детство, клубот во кој растев и се оформував како личност, спортист, човек, не можев да му кажам не. Детскиот сон ми се исполни, еден ден да седнам и да го водам најголемиот клуб во Македонија и пошироко, клубот на народот во мисијата наречена опстанок. Беше тешко, неизвесно, но желбата, работата, соработката со моите соработници (Герасимовски, Терзиев, Димковски, Јовчерв, доктор Иво и чичко Бајо) беше над сѐ. Благодарност до сите играчи за максималниот професионализам, жеба и коректност, благодарност до Влатко, Мартин, Миле, Мачка, Васе, Геле и сите останати, а секако не можам да не ги спомнам и оние кои ни беа 12. играч, најдобрата настрасната и најмногубројната навивачка група Комити. Еден живот една љубов“, напиша тренерот на Вардар, Горазд Михаилов.