Поранешниот македонски првак Работнички денеска ги почна подготовките за новата сезона со новиот кормилар Љупчо Марковски – Калц, кој од Автокоманда се пресели во Дебар Маало, па ги построи фудбалерите на „романтичарите“ на воведниот тренинг во Градскиот парк.

И изненадување на тренингот беше македонската ѕвезда Елиф Елмас, поранешниот фудбалер на Работнички, сега член на Наполи кој ги посети и го гледаше тренингот, па им посака среќа во работата и добра подготовка за новата сезона и многу подобри резултати.

Тројца новаци има во Дебар Маало и тоа екс-младинскиот репрезентативен голман Игор Алексовски, кој дојде од Ренова, Иво Јанакиевски од Скопје и Филип Бошковски, кој минатата сезона играше за Пелистер.

\