Македонија ЃП гостува кај Струга, Башкими го пречекува Арсими

Денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига каде што ќе се играат уште два натпревари од воведното коло, односно Струга ТЛ ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, додека Арсими му гостува на Башкими.

Македонија ЃП, по една сезона помината во Втората лига, се врати во македонската елита и сака да оствари добар резултат на стартот против шампионот од сезоната 2023/24.

Двете екипи направија одредени промени во летниот преоден рок, при што Македонија ЃП се засили со Клинтон Осеи, Мирсад Рамиќ, Мартин Талаков и други фудбалери, додека Струга ТЛ потпиша со Гледи Мици, Мазолуксис, Ласана Диако и уште неколку играчи, па ова ќе биде одличен тест на силите меѓу двата поранешни шампиони.

Арсими и Башкими минатата сезона изборија промоција во најсилниот ранг во Македонија, па уште на стартот оваа година ќе се судрат. Овие тимови, исто така, доживеаа промени во преодниот рок, а останува да видиме кој ќе се радува по оваа средба.

Вчера беа одиграни два натпревари, при што Шкендија славеше против Шкупи со 5-1, додека Вардар го совлада Пелистер со 4-1.