Мајсторија на денот: Цаке даде гол од слободен со надворешна! (ВИДЕО)

Вака слободен не шутираат ни најголемите фудбалски (веле)мајстори, а фудбалерот на Струга Трим Лум, Клисман Цаке погодио неверојатно од слободен удар со – надворешна.

Играчот на стружани кој во изминатиов период неколкупати погоди спектакуларно, повторно даде гол за паметење, а настрада Работнички во денешниот триумф за Струга Трим Лум со 1-0 со што конечно заврши кризниот период без победи за летниот македонски европретставник.