Комити го „запалија“ Скопје и најавија жешко дерби со Шкендија! (ФОТО)

Вардар ќе се пресмета со Шкендија в недела од 13 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, па вардарци се надеваат дека ќе добијат голема поддршка од своите најверни навивачи од трибините. Комити денеска со големо дефиле со автомобили низ Скопје го најавија жешкото дерби со големиот ривал, а воедно за в недела најавија прослава на три јубилеи.

Најголемата подгрупа на варадровата навивачка група, „Лојал Фанс“ в недела слави 20 години од своето постоење, Комити Маџари ќе одбележат пет години, а братството помеѓу Комити и навивачите на Тетекс, Војводи веќе брои 10 години. За в недела е најавено и големо шоу на западната трибина од скопската Арена.

Да потсетиме, Вардар веќе ја обезбеди есенската круна, но во дербито има шанса со победа да му избега на тетовскиот клуб на +11 на табелата.

Повеќе слики може да се погледнат ТУКА.

ФОТО: Вардарфанс