КМФ Проект - шампион на Македонија
Тимот покажа карактер, заедништво и квалитет во текот на целата сезона, што резултираше со заслужено освојување на првото место со скор од 14 победи на исто толку натпревари.

„Оваа титула е резултат на огромен труд, посветеност и верба. Горд сум на целиот тим и на сите кои се дел од клубот“, изјави претседателот од клубот Иван Гавровски.

КМФ Проект е форммиран во 2018 година, а ова е негова втора шампионска титула, по онаа во 2021 година. Со оваа титула, КМФ Проект обезбеди и пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, што претставува историски успех за клубот, а следна цел ќе биде освојување на трофејот во Купот на Македонија.