Киксот на Ѓуриќ ја израдува Битола, а Струга падна дома по точно – една година (ВИДЕО)

Струга Трим Лум после точно една година загуби на домашен терен и тоа благодарение на новата своја глупост што ја направи голманот Урош Ѓуриќ, кој не успеа обична и лесна топка да ја фати во своите раце, па Иван Пејаковиќ во втората минута од судиското надополнување му донесе голема победа на Пелистер.

Стружани дома беа точно една година непобедливи. Последен пат загубија од Шкупи на денешен ден лани со 1-2, а сега Пелистер прв им зема мерка на нивно буниште. Есеноска Ѓуриќ се изрезили со Вардар, кога прими смешен гол од слободен удар од Дејан Блажевски, а сега повторно направи голем кикс, за да им избега барем сигурен бод од пресметката со битолчани.