Ивановски погоди од пенал за прва победа на Пелистер (ВИДЕО)

Екипата на Пелистер дојде до првата победа во сезоната откако попладнево славеше во Ѓорче Петров во второлигашкото дерби против Македонија ЃП со 1-0.

По двата нерешени резултати, битолчани конечно го скршија малерот и заслужено дојдоа до триумфот со оглед на тоа што ја имаа иницијативата на тешкото гостување. Во првото полувреме имаа неколку шанси кои пропучштија да ги претворат во гол, а моментот на одлука се случи во 75. минута.

По еден невнимателен старт на домашната одбрана, главниот судија покажа на белата точка за Пелистер, а прецизен беше Иван Ивановски кој му ја донесе првата победа на својот тим.

И другите три натпревари од денешната програма во Втората лига не беа претерано ефикасни. Работнички со 1-0 го совлада Еуромилк, Осогово и Новаци одиграа без голови, а Брера со 2-1 го победи Камјани. Другите три натпревари од третото коло се играат утре.