Дортмунд рутински преку Хамбургер - црвен картон и повреда носат грижи кај „милионерите“ (ВИДЕО)
Избраниците на Нико Ковач диктираа темпо од самиот почеток и поведоа уште во по нецели десет минути. Серу Гираси одигра одлична комбинација со младиот Константинос Карецас, си отвори простор пред шеснаесетникот и со прецизен удар во левиот агол го матираше Даниел Хојер-Фернандес за 1-0.
Доминацијата на „милионерите“, предводена од новото грчко офанзивно дуо Карецас – Константелијас, донесе нов погодок во судиското продолжение од првиот дел. Во 45+1. минута, Максимилијан Баер упати одлично додавање до Јанис Константелијас, чиј удар со помош на дефанзивецот Себастијан Борнау заврши зад грбот на гостинскиот голман.
Второто полувреме донесе мирен тек во играта, но и грижи за стручниот штаб на Дортмунд. Стрелецот на вториот гол, Константелијас, поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот во 54. минута, додека во 77. минута Самуеле Инасио заработи директен црвен картон. И покрај надмоќта на теренот во завршните петнаесетина минути, Хамбургер не успеа да креира сериозен притисок, па домаќините рутински ги заверија првите три бода во новата сезона.
Головите погледнете ги ТУКА.