Капитенот на Брегот на Слоновата Коска го откачи Јувентус и му стана соиграч на Елмас!
Сериозен интерес за неговиот потпис покажа и гигантот Јувентус, но „старата дама“ мораше да се повлече од трката поради проблеми со правилата на финансискиот фер-плеј (ФФП), што клубот од Бергамо експресно го искористи за да го осигура неговиот потпис.
За Кеси ова значи враќање на добро познат терен. Тој првпат пристигна во Аталанта во 2015 година како дел од младинскиот погон, а по позајмицата во Чезена, имаше деби од соништата во Серија А во 2016 година кога постигна два гола за тимот од Бергамо. Во меѓувреме, фудбалерот од средниот ред градеше богата кариера носејќи ги дресовите на Милан, Барселона и саудиски Ал-Ахли.
Кеси беше еден од клучните играчи за БСК на СП 2026, каде што успеа да се запише и во стрелците на мечот против Германија во групната фаза.