Ништо од оставки во Партизан, останува и раководството и тренерот!
Раководството на Партизан уште на почетокот од август вети дека ќе замине доколку екипата не избори пласман во лигашката фаза од Конференциската лига. По тешкиот пораз од Младост со 3-1, соопшти дека ќе замине по реваншот со Хетафе без разлика на исходот од мечот.
Партизан победи со 2-1, добра игра, но резултат по кој беа елиминирани од Европа.
Сепак најавените оставки нема да бидат реализирани, српските медиуми јавуваат дека актуелното раководство останува, а останува и тренерот Саша Илиќ.
На одлуката за останување кумуваше поддршката на навивачите кои во изминатите денови јавно се спротивставија на заминувањето на челниците. „Гробарите“ кажаа дека не ги прифаќаат нивните оставки.