И легендарниот Марко Ван Бастен ќе дојде во Скопје да го пофали Ѓорѓиоски

Еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот, Холанѓанецот Марко Ван Бастен, кој со Милан доминираше во 80-те и 90-те години од минатиот век, освојувајќи трофеи во ЛШ и на Апенините ќе дојде во Скопје задутре како дел од делегацијата на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Ван Бастен во моментов е директор за технички развој во ФИФА и тој ќе ја предводи делегацијата на светската организација, која ќе дојде на отворањето на интернатот на ФФМ, кој во комплексот куќа на фудбалот е уреден со 30 соби и апартмани за членовите на фудбалската академија.

Отворањето на интернатот е закажано за в четврток на пладне, а треба да го отвори претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин. Покрај овие двајца во Скопје ќе бидат и директорот на одделот за национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ и Бјорн Васало, директор на национални селекции при ФИФА.

Отворањето на интернатот в четврток е само два дена пред новото Собрание на ФФМ, па првиот човек на ФФМ, од високата делегација на ФИФА и на УЕФА ќе добие еден куп пофалби за неговата работа.