И Фантоми кренаа глас: Кожуф не заслужи ваков срам!

Второлигашот Кожуф вчера прими срамен гол од Башкими, а тоа предизвика бурни реакции во македонската јавност, но и од навивачите на тимот од Гевгелија, „Фантоми Север“.

Навивачите на Кожуф уште по голот на Башкими (2-1) почнаа да ги навредуваат фудбалерите на домашниот тим кои буквално останаа статични во завршницата за гостинскиот состав да постигне гол (ПОГЛЕДНИ ТУКА), а сега „Фантоми Север“ се јавија и со соопштение.

„Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме! Како навивачка група бараме итен состанок и ОДГОВОРНОСТ! Никој нема да биде поштеден! Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци , закани и сл ! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега ! Ќе се избориме до крај, КОЖУФ ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИ!ВРЕМЕ Е КЛУБОТ ДА ДОЈДЕ ВО НАШИ РАЦЕ! ТИШИНА ПРЕД БУРА! ЗА СИТЕ ПОСТАПКИ НА ГРУПАТА ЌЕ БИДЕТЕ НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ“, соопштија од навивачката група.

Фото: Фантоми Север