Ѓока: Ова е победа која ќе нè крене психолошки!

Шкендија после три меча без победа денеска го победи Силекс со 3-0 за да се врати на победничкиот колосек, но останува со двоцифрена негатива во однос на врвот би трката за шампионскиот трон, после триумфите на Вардар (2-0 со Борец) и Академија Пандев (4-0 со Македонија ЃП).

За тетовци денешната победа е добредојдена за да се спречи ново потонување во кризнава есен, во која Шкендија не личи на шампион. Новиот кормилар Ернест Ѓока, кој пред три недели седна на клупата се израдува на првиот триумф после дебито со пораз пред пет дена, па сега истакна дека триумфот над Силекс е исклулително важен за да се крене тимот

„Најважно од сè е дека победивме. Одигравме добар меч, а оваа победа е кислород за нас. Победа за да се кренеме психолошки, а тоа ни недостигаше. Оваа победа е чекор кон наше издигнување. Верувам дека триумфов ќе нè крене, зашто овој тим има потенцијал и самодовербата мора се добие. Тоа што резултатите беа лош беше плод на психолошкиот момент и сега тоа мора да се смени. Овој тим постепено ќе се исдигнува. Не е лесно веднаш да влезете во добар ритам, мора да смениме некои работи во иднина, а фудбалерите се свесни и ме следат во тоа. Одиме постепено“, вели Ѓока по победата со Шкендија.