Газдата на Шкендија прв го крена шампионскиот трофеј (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија денеска и официјално го прими шампионскиот пехар за првак во Македонија, до кој стигна на убедлив начин, а газдата на клубот, Лазим Дестани прв го крена трофејот кој денеска им беше врачен на црвено-црните.

Дестани влезе во Шкендија и по три неуспешни години, дочека да го види својот клуб на врвот во македонскиот фудбал, па и тој како и фудбалерите ептем му се израдува на пехарот, проследен со бурни овации.

Шкендија летово ќе биде македонскиот претставник во квалификациите во Лигата на шампионите.