ФФМ го закажа финалето на Купот на 22 мај од 18.30 часот

Финалето во Купот на Македонија помеѓу Академија Пандев и Македонија ЃП ќе се одигра на 22 мај (среда) од 18.30 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија.

После две години финалната пресметка за куп-пехарот се враќа во Скопје, откако изминативе две сезони завршниот меч за трофејот се играше во Струмица, каде Пелистер и Шкендија по еднаш се радуваа.

Академија Пандев ќе го игра своето прво финале во историјата, додека Македонија ЃП третпат ќе се бори за трофејот, а за „лавовите“ ова е прво финале по пауза од една деценија. Македонија ЃП има трофеј од 2006 година со триумфот со 3-2 против Шкендија и пораз во 2009 година на пенали од Работнички (5-6) после 1-1 во регуларниот дел.

Засега нема најава дали финалето ќе биде пренесувано на некоја од националните телевизии, сооглед дека ФФМ со писмо ги моли телевизите да го пресенуваат мечот, нудејќи го целиот пакет бесплатно.