Емоции до бескрај: Вардарци и Комити со „Бисер Балкански“ славеа враќање во Прва лига (ВИДЕО)

Вардар по две години се врати во Првата лига после денешната победа со 3-0 против Скопје во баражот, како круна за една незаборавна и исклучително тешка година со многу проблеми, но со преголем жар и енергија за да се успее, најмногу поради сплотеноста на играчите и најверните навивачи Комитите.

Кога Александар Ставрев означи крај, емоциите експлодираа до бескрај во Кавадарци. Со „Бисер Балкански“, вардаровите фудбалери и две илјадните Комити на трибините ја прославија можеби највредната и најзначајната победа во поновата историја на клубот.