Елези го запре трансферот во Грузија поради семејна трагедија!

Шкендија преку соопштение ја извести јавноста дека талентираниот Дашмир Елези ќе остане во редовите на поранешниот шампион, иако веќе имаше договорено трансфер во Грузија.

Елези потпиша договор со Торпедо, но реши да се врати од Грузија, по што Шкендија го прифати назад во екипата.

„Шкендија реши да не го спречи Елези да замине во странство, а откако понудата на Торпедо беше прифатена и Елези потпиша договор, поради трагичните настапи во семејството (ги загуби таткото и братото) се најде во тешка емотивна состојба и реши да се врати во Тетово. Торпедо му дал дозвола мирно да реши за својата иднина, а Елези смета дека е најдобро да биде блиску до своето семејство. Шкендија повторно ја отвора вратат за Елези кој се приклучува на клубот“, соопшти Шкендија.