Двајца фудбалери на Македонија ЃП позитивни на Ковид-19

Прволигашот Македонија ЃП објави на Инстаграм дека двајца нивни фудбалери се заразени со Ковид-19, па тие во моментов се во домашна изолација, а во претходниот период не покажале никакви симптоми на вирусот.

Клубот објави дека ги откажува пријателските натпревари со Работнички и Академија Пандев, кои беа претходно закажани, па следната недела ќе има ново тестирање со кое ќе се потврди дека сите се негативни на Ковид-19.

„Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваат во време на пандемија!“, соопштија од клубот.

View this post on Instagram

Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови. -ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни. -Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање. Спортски поздрав, ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ! 🦁🦁🦁

A post shared by ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (@fkmakedonijagp1932) on