
Братучедот на Елмас ново засилување за Македонија Ѓорче Петров
Младиот фудбалер кој е братучед на Елиф Елмас има 19 години и важи за некој кој може да има одлична кариера.
Во редовите на Македонија Ѓорче Петров пристигнува од Гостивар како слободен агент. Низ кариерата Елмас ги помина сите младински категории и сега е член на селекцијата до 19 години.
Тој е трето засилување за „лавовите“ откако претходно пристигнаа Дарко Глишиќ и Мартин Талаков.